Османи за несудената конзулка во Њујорк: Јас не ја познавам

Министерот Бујар Османи, вели дека не ја познава и дека никогашне се запознал со Бесмира Ејупи, која во јавноста се споменуваше како иден конзул во Њујорк.



Стана ли Њујорк дипломатски „џубокс“

„Ова го сметам повеќе како шпекулација и врз основи на разговори во Влада, иако никогаш немало одобрена одлука за тоа прашање во Влада.

Јас не ја познавам, не сум ја сретнал во животот. И да постоело, зошто е реакцијата? Затоа што е жена, затоа што е млада, затоа што е Албанка? Таа госпоѓа јас не ја знам и немало одлука. Сега повеќе го коментирам ефектот на оваа дебата во јавноста кој се создаде и создаде недобар вкус, рече Османи за Макфакс,.

Прашува зошто се прејудицирало и вели дека не можеме да ги отфрлиме младите. Додава дека Македонија имала премиер на тие години, а тој бил министер за здравство на 28 години.