Османи: За неколку дена ќе има предлог за амбасадор во Софија

За неколку дена ќе има предлог за амбасадор на Северна Македонија во соседна Бугарија. Ова го истакна министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи.



Тој рече дека се уште нема дефинитивно име за таа позиција, но наскоро ќе се даде предлогот за амбасадор во нашиот источен сосед, јави Фокус.

По средбата Ковалчевски-Петков во Скопје беше речено дека се очекува во рок од 60 дена Македониа да испрати амбасадор во главниот град на Бугарија.

Вчера бугарски медиум објави дека, наводно, првиот човек на винаријата „Тиквеш“, Свотозар Јаневски, е многу веројатен иден македонски амбасадор во Софија.