Османи верува дека разликите со Софија ќе се ублажат

Министерот за надворешни работи Бујар Османи верува дека билатералните разлики со Софија можат да се ублажат преку меѓувладината комисија.



Тој вели дека ги започнал подготовките, но дека се уште нема датум кога ќе се одржи овој состанок.

„Враќање на интензитетот на контакти, особено на оваа комисија за разгледување на сите овие теми за кои разговараме во билатерален контекст, за да се ублажат некои загрижености што ги имаат тие, или разликите што ги имаме, мислам дека оваа комисија е вистинскиот инструмент за да се дискутираат овие разлики и на крајот да се утврдат заедничките наоди“, вели министерот Османи. Алсат М