Направен е „спин“ од изјавата на министерот за надворешни работои Бујар Османи кога тој говореше за можните последици кои би се случиле доколку предлогот не биде прифатен.



Така тврдуи Османи во гостување на емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24.„Конструкција е тоа дека ќе има меѓуетнички конфликт.

„Никогаш не сум кажал дека ќе има меѓуетнички конфликт, тоа е спин. Јас не правам разлика помеѓу албански и македонски прашања. Има семејства на кои им е недостоинствено да земат бугарски пасош, но мора да земат за да ги школуваат децата. Ако ние им ја земеме надежта дека нашиот пасош нема да биде европски, младите ќе почнат да бегаат, ќе почне да се губи хармонија меѓу населението.“ рече инистерот Османи.

Според него „имаме историски момент да се реши прашањето со македонскиот јазик, тешко е да имаме подобра шанса или предлог кој ќе го засега јазикот, затоа велам дека сега е историски момент. За прв пат во нашата историја 27-те земји членки го потврдуваат македонскиот јазик без фусноти“ реча Османи.