„Сакам во целост да ги демантирам шпекулациите изнесени од страна на Алиансата на Албанците и нивнииот портпарол, во кои се посочува моето име како дел од некаква објава на нелегално снимен телефонски разговор.“ – вели денеска во писемна изјава Бујар Османи.
Од Алијансата на Села објавија дека ДУИ, врз основа на прилушкувани разговори, ги злоупотребиле своите партиски и државни функции, преку влијание врз изборот на судии,обвинители. претседатели на судови, нотари..
„Исто така од последните прислушкувани разговори се слушаа и скандалозниот разговор меѓу лидерот на партијата Али Ахмети и Садула Дураку,кој говорат за прикријување на убиец кој убил невин човек а тоа од нив го побарал актуелниот вице премиер за европски интеграции Бујар Османи“ , обвинија од Алијанса од кеде велат дека “немас Европа со влада која штити криминали“.
Во одговорот на нападите вицепремиерот Османи вели дека се работи за целосна шпекулација, измислица и лажна вест.
„Ниту сум бил вклучен, ниту сум учествувал во активностите кои ги посочува Алијансата и нејзиниот портпарол, ниту пак јас сум оној што е спомнат на нелегалната снимка. Оваа целосно лажна вест има за цел да го наруши мојот политички кредибилитет, како предводник на Европските интеграции во земјава, што со оглед на чувствителноста на периодот, претставува штета што ѝ се нанесува и на земјата.
Османи ги повикува споменатите, во наредните 24 часа, целосно да го повлечат лажното поврзување на моето име и да се извинат за направената штета, а во спротивност, „ќе ги потегнам сите правни мерки кои стојат на располагање, и овие свои тврдења ќе треба да ги поткрепат пред правосудните органи“ предупреди Османи.
„Ел Чека“ вчера објави бомба на социјалните мрежи во која како што тврди објавувачот може да се слушнат Али Ахмети и Садула Дураку како коментираат случај на убиство во кој извесен „Бујар“ барал убиецот да биде ослободен.




