Лица од Македонија се јавувале во Бугарија со цел да не се реши спорот меѓу земјите, рече на денешниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи.



„Оваа недела од Северна Македонија се јавувале во Република Бугарија кажувајќи дека непотребен е целиот тој ангажман затоа што овде ќе се оди брзо на избори, дека ќе има предвремени и дека нема да може ниту да се постигне одредено решение“, посочи Османи.

Тој додаде дека се работи и за луѓе во институции, за кои се смета дека се на иста линија со тие кои ги коментираше бугарскиот премиер Кирил Петков, но не спомна за кои лица или институции станува збор.