Османи: Важно ми е колкава е платата, од неа живеам

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека не е за фалење кога политичари велат дека не им била важна платата. Според него тоа е исто како да кажуваат „не живеам од плата“.



„Јас живеам само од оваа плата и ми е важно“, рече министерот на вчерашната пресконферецнија на која стана збор за корекција на платите на функционерите и за антикризните мерки со кои ќе се пренасочат средства за ранливите групи граѓан.

„Во овој случај разбирам дека приоритет треба да бидат тие со плати околу минималната.

Мислам тоа е клучно и ако ни дојде редот на нас во ред, ако не приоритет се тие граѓани во ова време на инфлација и на поскапување и треба да им се посвети внимание“, рече Османи за најавата за корекција на платите за функционерите и пренасочување на дел од средствата за антикризни мерки за најранливите категории граѓани.

Како што е најавено, во следниот период ќе се бара решение за кратење на фунцкионерските плати кои во април пораснаа за 78 %.