Шефот на македонската сдипломатија Бујар Османи вели дека гневот на граѓаните треба да биде насочен кон политичарите кои не дозволуваат уставни измени, отколку кон Украина која во Брисел доби одлука за почеток на преговори со ЕУ.
Османи рече дека во оваа изјава мисли на политичарите на ВМРО-ДПМНЕ и на повторувањето на Букурешт 2008 во утринската емисија на „Слободен печат“.
„ Украина е во специфична ситуација. Таа се бори за сите нас. Украина е друго прашање, јас мислам дека граѓаните се гневни на нашите политичари кои еве повторно ја заглавуваат долгорочно државата во најважното прашање – за нивниот стандард, дали ќе остана дома, за работното место, нивните плати, здравството, образованието“.
Министерот го избегна прашањето зошто Македонија и Украина практично сега имаат ист статус во евроинтеграциите, иако Македонија добро соработуваше со ЕУ на страната на Украина.
„Украина мора да победи, бидејќи Русија ќе дојде на Балканот. Ние ќе бидеме загрозени, ние ќе бидеме следни. Затоа Украина мора да победи и заради нас, не само заради нив самите, додаде Османи.






