Османи: Три земји од З. Балкан подготвени за пристапни преговори со ЕУ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на неговото учество на седмиот Економскиот форум Делфи во Грција изрази надеж дека Европската Унија ќе го препознае моментумот за интеграција на Западниот Балкан, исто како што тоа го стори со источноевропските земји.



Шефот на дипломатија, заедно со неговите колеги од Словачка и Косово, Иван Корчок и Доника Гервала-Шварц, дискутираа за „Европа после Украина”, односно за импликациите на војната…

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за ставот на Македонија за руската инвазија во Украина Османи рече дека се приклучивме на санкциите на ЕУ кон Русија и испративме воена и хуманитарна помош, но и ги отворивме границите за украински бегалци.

„Регионот се движи во правилна насока во однос на оваа агресија“, истакна шефот на македонската дипломатија.

Дополнително, тој посочи дека во регионот постои „тројка од земји кандидати за членки на ЕУ” кои се целосно подготвени за почеток на пристапни преговори.

Како што информира МНР, на маргините на Форумот, предвидено е Османи денеска да оствари повеќе билатерални средби со шефови на дипломатии и други истакнати политички личности, меѓу кои и со неговиот грчки колега Никос Дендиас.