Не само што неговото присуство на трибините на „Олд Трафорд“ не ѝ донесе среќа, туку министерот за надворешни работи Бујар Османи беше сведок на највисокиот пораз на фудбалската репрезентација на Македонија во нејзината историја од 7:0 против Англија во квалификациите за Европското првенство, иако пред натпреварот тој најавуваше победа!



„Прекрасен амбиент вечерва во Манчестер, на преполниот ‘Олд Трафорд’, вистински ‘Театар на соништата’.

Имав среќа да се совпадне мојата посета на Обединетото Кралство со натпреварот; не можев да ја пропуштам шансата, овде од трибините да ги бодрам нашите репрезентативци.

Со среќа Барди, Несторовски, Елмас…, поддршка за сите наши момци на теренот, предводени од Благоја Милевски.

Напред и само храбро! По два порази и два нерешени дуели, време е за фудбалска победа овде во Англија.

Со среќа!“, напиша Османи на Фејсбук пред мечот.