Османи стравува од „замрзнат конфликт“ со Бугарија ако нема датум за преговори со ЕУ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека недобивањето на датум за почнување на преговори со ЕУ нема да донесе дестабилизација, но, како што вели, стравува од ново грчко сценарио.



Најголемиот страв е да не влеземе во ново грчко сценарио, а тоа е да влеземе во замрзнат конфликт со Бугарија. Ова да стане нова нормалност во нашите односи – вели Османи.

Бугарскиот премиер Кирил Петков деновиве го спушти оптимизмот дека решение за сорот со Македонија е можно во наредните 6 месеци.