Османи: Србија со вакцини „поткупувала“ земји да не го признаат Косово

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, го обвини Белград дека условува одредени африкански земји да не ја признаат независноста на Косово.



Според неа, Белград им нудел руски вакцини против коронавирус, во време кога тие земји се соочувале со недостиг од вакцини.

„Русија испрати многу руски вакцини во Србија, Србија е заинтересирана да се бори против независноста на Косово, а многу земји во Африка немаа вакцини.

„Србија користеше руски вакцини испраќајќи ги во неколку земји во Африка, велејќи им дека ќе им даде вакцини доколку не го признаат Косово“, тврди Османи. (Б92)