Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во синоќешното гостување на ТВ 21 изјави дека граѓаните кои се снабдуваат со нафта од руски компании во земјава, индиректно ја финансираат руската армија.
„Мислам дека Русија, Руската Федерација, главно се финансира преку извори на енергија. Доминантните приходи на Руската Федерација се од готови енергетски ресурси. Секако дека со нивното купување се финансира руската армија, таму нема дилема“, нагласи Османи.
Османи рече дека Македонија е 100 отсто зависна од рускиот гас, а за другите горива главно се снабдува од Грција.
Османи вели дека по конфликтот меѓу Русија и Украина, Европа се свртува кон јаглен и нуклеарна енергија и дека како резултат на тоа Македонија треба повторно да ја ревидира својата стратегија за енергетски ресурси.







