Османи: Сега испраќаме професионални дипломати, а порано…

Анализата на досиејата на упатени дипломати од 2006 година покажува професионален напредок во однос на претходниот период, истакна денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.



И син на аналитичар и шура на пратеникод СДСМ добил функција конзул

Тој вели дека во претходните години за конзули биле испраќани луѓе што претходно работеле во фирми за лекови, за чоколади, во детски градинки, нагласи министерот осврнувајќи се на планираната ревизија на индивидуалните досиеја на дипломатите именувани од 2006 година до денес.

„ Конзул во Солун, а потоа и амбасадор, бил директно земен од фирма за лекови. Генерален конзул во тој период, преземена од детска градинка. Генерален конзул во Торонто со факултет за физичка култура преземен од Агенцијата за млади и спорт.

Амбасадор во Загреб имал факултет за шумарство, а претходно бил управител на старски дом. Амбасадор во Абу Даби претходно бил вработен во фабрика за чоколадо. Амбасадор во европска земја со претходно искуство, придружба на сопруг-амбасадор. Амбасадор во Анкара бил преземен од Македонски пошти“, кажа Османи на прес-конференција со новинарите.

Владата го повлекла предлогот, презентерка нема да биде конзул

Тој посочи дека откако е на функцијата испратил 21 амбасадор или повеќе од една третина од вкупниот број во дипломатските претставништва кои ги имаме, од кои 15 се дипломати од кариера.

Претседателот на собраниската Комисија Милошоски, кој пред неколку дена побара од Османи да даде отчет за начинот на кој се бираат генералните конзули, вели дека шефот на дипломатијата ја спинува ситуацијата за да ги покрие скандалозните одлуки за изборот во Чикаго и Њу Џерси.