Министерот Османи чудни ставови на тема бугарско оспорување македонскиот јазик во францускиот предлог.
Откако на пресот на владата рече дека во предлогот ќе има анекс – фуснота во кој Бугарија ќе го оспорува македонскиот јазик подоцна на брифинг обвини дека било лага дека ќе има фуснота за јазикот.
Според него таа фуснота е само во записникот кој за него не е важен иако за Бугарија тој е суштински документ врз основа на кој ќе се водат преговорите и Македонија мора да го потпише што значи и да го прифати.
,,Јазикот беше најголемиот проблем во преговорите и тоа беше најтешкото прашање. Тоа одзеде најголем дел од енергијата во преговорите. Ние не се трудевме да го смениме мислењето на Бугарија, туку да им објасниме на европските партнери дека тоа е неприфатливо. Во преговарачката рамка со ЕУ сега има чиста формулација на македонскиот јазик, само со забелешка на бугарскиот претставник кој ќе влезе во записникот. Само еднаш ќе има фуснота дека Бугарија нашиот јазик го смета за дијалект на бугарскиот”, објасни Османи на прес конференцијата на власта.
Подоцна на брифинг министерот за надворешни работи додека ги објаснуваше деталите на предлогот рече дека било лага тврдењето дека има фуснота за јазикот во рамката иако знае дека рамката ќе се води според записникот во кој има фуснота за јазикот.
Како Османи планира да го избегне записникот кој ќе биде потпишан од него а врз основа на кој Софија ќе не блокира во преговорите треба да каже самиот иако на граѓаните им е јасно кога се работи за лага а кога за манипулација.






