Министерот за надворешни работи Бујар османи, во интервју за грчкиот „То Вима“ потенцира дека пристапните разговори со ЕУ не би требало да се претворат во преговори со Бугарија и додава дека разговорите со Софија продолжуваат за надминување на разликите, јави МИА.
„Градиме пријателства, тоа е нашата автентична карактеристика. Но, никогаш немаме посегнато по работи што не се наши. Ние сме светол пример за добрососедски односи. Немаме создадено проблеми и никогаш не бевме проблемот. Носиме решенија. Ова е менталитетот на победа.
Разговорите со Бугарија се континуирани и ќе продолжиме за да најдеме начин да ги надминеме разликите, но пристапните разговори не би требало да се претворат во преговори со Бугарија“, објаснува Османи, во интервјуто за денешното издание на „То Вима”, пренесе МИА.






