„Време е да ги отвориме аеродромите и границите без ограничувања!“, напиша вицепремиерот Бујар Османи утрово на Фејсбук во пресрет на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести која треба да предложи кога и под какви услови Македонија ќе ги отвори границите.



Според сегашните услови, за влез во земјата е неопходен ПЦР тест и самоизолација во траење од 14 дена за лица сомнителни на коронавирус.