Водечката македонска експертка за ЕУ интеграција му одговори на министерот за надворешни работи Бујар Османи кој ја обвини дека имала политичка агенда.
Малинка Ристевска Јорданова која важи за непартиска личност и еден од главните двигатели на македонските евроинтеграции во последниве 20 години открива дека Османи бегал од дебата за францускиот предлог.
,,Точно е, имам политичка агенда – таа е онаа неспорната, заедничката, приоритетната, на сите досегашни влади: Македонија – членка на ЕУ. Не ме чуди што министерот Османи бега од аргументирана дебата за тоа како и каква членка на ЕУ, кога ни етикета не знае да стави”, му одговара Ристевска Јорданова на Османи кој се обиде преку ТВ интервју да ја дискредитира.
Точно е, имам политичка агенда – таа е онаа неспорната, заедничката, приоритетната, на сите досегашни влади: Македонија – членка на ЕУ. Не ме чуди што министерот Османи бега од аргументирана дебата за тоа како и каква членка на ЕУ, кога ни етикета не знае да стави. https://t.co/hjI56aOjfK
— Malinka Jordanova (@MalinkaJordanov) July 16, 2022






