Шефот на македонската дипломатија вели дека ако се утврди дека нападот врз копретседателот на бугарското здружение „Шемето“ Бекир Кадриески бил на етничка основа, „јас ќе реагирам повеќе од кој било политичар од Бугарија бидејќи не сакаме тоа прашање да прерасне во тренд во земјава“, пренесе „360 степени“.
Министерот Бујар Османи, сепак, побара да не избрзува со квалификации во врска со мотивите за нападот на Кадриески и да не се политизира ова прашање сè додека случајот не се расчисти во целост.
„Ние сме држава која полека станува модел за меѓуетничка толеранција и нема да дозволиме никој да ни го руши тој просек.
Но, да не брзаме со квалификации и да го исполитизираме ова, бидејќи така праќаме лоша порака, на секој инцидент утре да се повикува на етничка омраза и да се добие одредена заштита и тука мора да сме внимателни. Дајте да видиме што точно се случува“, вели министерот
Според Османи, за настанот има две верзии – онаа на напаѓачот и онаа на оштетениот, а епилогот од инцидентот, како што кажа, треба да се остави на Обвинителството.







