Министерот за надворешни работи даде свое „автентично“ толкување на статистичката операција Попис, на заедничката прес конференција со неговиот хрватски колега Горан Радмаn во Загреб.



На новинарско прашање „Доколку резултатите од Пописот на населението, во процентуална смисла, не се совпаѓаат со последниот Попис, што ќе преземете како политичка партија на која припаѓате? Дали ако процентот на Албанци во Македонија се покаже повисок ќе барате федерализација на Македонија”, Османи рече:

“Македонија разви автентичен модел на регулирање на меѓуетничките односи и може да служи како модел за земјите од поблискиот регион бидејќи со Охридскиот договор се овозможи создавање на држава на еднакви заедници и на еднакви граѓани и од тој процес нема враќање назад, туку можно е само надоградување во смисла на продолжување на евроатланскиот пат на државата. Пописот е планиран за годинава, точно е дека подолг период нема Попис на населението кај нас.

Кај нас Пописот не е само статистичка операција туку е и политичка операција бидејќи според Уставот правата на заедниците произлегува од процентот на застапеноста на заедниците. Затоа е важно да се создаде законски кредибилен процес во кој никој немам да се сомнева и убеден сум дека новото законско решение е кредибилен процес во кој сите ќе имаат доверба и ќе ги прифатат резултатите”.