Министерот за надворешни работи Бујар Османи утрово испратил пораки со сочувство до турскиот колега Мевљут Чавушоглу до Турција и турскиот народ и понудил помош таму каде што ќе биде потреба, за што веќе се прават подготовки во земјава.
„Утрово испратив пораки со сочувство до Турција и турскиот народ, преку мојот колега Мевљут Чавушоглу, во кој ја понудив и нашата помош каде што ќе биде потребна, за што веќе се прават подготовки во земјава. Со Турција имаме блиско и долгорочно партнерство кое почива на длабоката поврзаност на народите на двете земји“, напиша минисерот Османи на Фејсбук.
Нашите мисли се со нашите пријатели, браќа и сестри од Турција, и ние ќе сториме сѐ што е во наша можност за да им се најдеме на пријателите во оваа неволја“, порача Османи.
Утрово помош понудија и земјите од регионот: Македонија, Србија, Албанија, Грција и Бугарија испратија сочуство и поддршка за Турција која утрово беше погодена од најлошиот земјотрес во која таа земја го бележи во последниве 80 години.







