Уште незаминат од Бугарија министерот за надворешни работи Османи беше демантиран и дипломатски понижен.
Оицијална Софија денеска ги урна тезите на СДСМ и ДУИ дека македонскиот јазик не е загрозен, францускиот предлог е модифициран а билатералниот договор не е дел од рамката за преговори со ЕУ.
Нема промена во францускиот предлог ниту го признаваме македонскиот јазик е пораката на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска веднаш по потпишувањето на билатерлсниот договор со Бујар Османи, јавуват бугарски извори.
„Ние целосно ја почитуваме одлуката на Националното собрание. Како што знаете, Бугарија во билатералните односи со РСМ не го признава нивниот службен јазик. Сепак, ова е малку поконкретно во контекст на другите 26 земји-членки на ЕУ. Тие имаат свој став и во никој случај не можеме да ги обврземе да ја прифатат нашата официјална позиција. Нашата позиција е загарантирана како што е формулирана според договорот”, изјавила на брифинг министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска, откако Софија и Скопје потпишаа билатерален протокол.
Бугарската позиција останува непроменета, уверуваат од тимот на министерката Генчовска.
„Важно е отсега ниту еден документ, кој е дел од процесот на приклучување на РСМ во ЕУ, не може да биде прифатен како бугарско признавање на постоењето на т.н. Македонски јазик. И тоа е јасно опишано во едностраната декларација што Бугарија ќе ја претстави во понеделник за време на Комитетот на постојани претставници”, брифирал Генчовска.
Пред брифингот министрите за надворешни работи на Бугарија и Македонија, Теодора Генчовска и Бујар Османи, го потпишаа записникот од Вториот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Ќе содржи нови обврски поврзани со решавање на историските спорови меѓу двете земји – како и рокови во кои тие мора да се исполнат. А Брисел ќе следи дали Скопје ги исполнува писмените обврски Напредокот на нашиот југозападен сосед кон членство во ЕУ ќе зависи од темпото и брзината со која ќе ги исполни.
Во протоколот што денеска беше потпишан има конкретни рокови“, изјави за медиумите Генчовска. Според неа, како дел од Рамката за преговори, постои механизам за следење на нејзината имплементација, а овој механизам ги обврзува другите земји членки да ја следат оваа имплементација.
„Во понеделник има состанок на Комитетот на постојаните претставници, најава за писмена постапка за кратко време, некаде во вторник ќе имаме информација дали целиот овој Пакет – Рамка за преговори, заклучоци и протокол – е веќе факт и ќе ви ги презентираме сите документи“, додаде Генчовска како одговор кога ќе може да се прочитаат.
Стручните тимови во двете надворешни министерства ќе продолжат да работат на техничките и другите параметри. „Значи, тие ќе ја имаат нашата поддршка. Се надевам на реципроцитет од нивна страна дека оваа поддршка на крајот ќе биде посакувана“, нагласи министерот за надворешни работи во оставка.
„При одредувањето датум за првата Меѓувладина конференција од страна на чешкото претседателство, во пракса РМ ќе има т.н. политичка меѓувладина конференција, по што мора да започне – во присуство на потребната политичка волја, постапката за промена на Уставот на земјата со цел вклучување на Бугарите во Уставот. И откако ќе заврши овој процес, ќе има втора вистинска меѓувладина конференција, по што всушност ќе започне пост-преговарачкиот процес. Овој период зависи од властите на РСМ – може да биде 3 месеци, како што беше случајот со промената на името на државата, може да трае две години“, посочи Генчовска.
Таа е категорична дека нема промена на т.н Француски предлог.






