„Северна Македонија се приклучи кон сите рестриктивни мерки кои ЕУ ги воведе кон Руската Федерација, вклучувајќи ги и оние воведени во 2014г., постигнувајќи 100% усогласување со позициите на ЕУ во доменот на Заедничката надворешна и безбедносна политика.
Со овој чекор ја реафирмиравме својата посветеност кон споделување на европските вредности и принципи врз кои се базира надворешната политика на ЕУ, потврдувајќи го партнерството со ЕУ и стратешката европска ориентација“ оцени МНР Бујар Османи во обраќањето пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) во Брисел.
„Меѓутоа, она што е особено важно за нас во периодот кој доаѓа и за што вие самите имате значајно влијание е што е можно поскоро да го добиеме Скрининг извештајот за Кластерот 1 – Темели од Европската комисија и да започне конкретната работа врз подготовка на трите патокази, за владеењето на правото, реформата на јавната администрација, и функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за малцинства и заедници, кој го прифативме токму за да и покажеме дека Северна Македонија има многу што да и понуди на ЕУ“, а не да скрие, рече Османи.
„Во претстојниот период нашата Влада ќе вложи максимални напори за успешно спроведување на неопходните реформи, особено во делот на владеењето на правото, успешно завршување на скрининг процесот и исполнување на условот од заклучоците на Советот на ЕУ од минатиот јули за спроведување на уставни амандмани со цел отворање првиот Кластер посветен на Темелите до крајот на 2023 и динамизирање на нашиот пристапен процес.
Си поставивме амбициозна цел – * Македонија да биде да биде потполно подготвена да ги преземе обврските од членството во ЕУ до крајот на 2030 година. За ова да се оствари ни преостанува многу работа“, подвлече Османи.
На „ бугарски пријатели дека обврските од Договорот и од двата протокола не се заборавени“.
„Лично ги надгледувам работните групи за реализација на взеамните обврски и наскоро ќе излеземе со резултати од нивната работа во делот на говорот на омраза, за рехабилитација на жртвите на репресиите на комунистичкиот период, за спроведување на усвоените препораки од работата на историската комисија, како и за заштита од дискриминација.
Меѓутоа, истовремено бараме услови за водење на конструктивен и добронамерен дијалог базиран на меѓусебно уважување и почитување и од страна на Бугарија. Верувам дека набрзо со формирањето на новата Влада во Софија ќе успееме да го постигнеме тоа“, порача Османи.







