Министерот Бујар Османи најави дека утре, на 19 јули, се одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ, всушност почнуваат и преговорите за членство во Унијата со скрининг врз нашите институции.
„Во вторник не само што почнуваат преговорите, не само што ќе има класична прва меѓувладина конференција, ќе има изјава за отворање. Истиот ден попладне почнува скринингот. Од тој момент почнуваат да се бројат деновите до членство. Од тој момент експертите од ЕУ почнуваат да влегуваат во нашите институции. Да го направат скринингот“, истакна шефот на македонската дипломатија.
На синоќешната презентација на предлогот потпишан со бугарската колешка Теодора Генчоска , османи рече дека со Бугарија било постигнато компромисно решение: ние ги добивме трите најважни прашања за нас, додека Република Бугарија доби Втора меѓувладина конференција условена со уставни измени.
Тоа што го добила македонската страна е зачувување на јазикот како македонски, без додавки, потоа историските прашања да не бидат одредница за отворање и затворање поглавја и преговорите да почнат сега (вторник на 19 јули).
Сепак, тоа што треба земјава да го направи, како услов од Бугарија, е да го отвори Уставот и во него да го вметне и бугарскиот народ како дел од народите што ја сочинуваат етничката слика на Македонија.







