Османи: По 15 јули Македонија ќе има премиер Албанец

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи во вечерашново гопстување во „Само интервју“ на Канал 5 вели дека не нагаѓа, туку знае дека по 15 јули Македонија ќе има прв премиер Албанец.



Османи вели дека идејата за премиер Албанец не е нова, дека за неа ДУИ се подготвувала уште наредниот ден кога Талат Џафери стана претседател на Собранието, како нареден чекор за како што вели надминување на последното табу – дека премиер може да биде само Македонец.

Според него, извесно е дека големите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе освојат најголем број пратенички места, но вели дека токму ДУИ ќе биде клучниот фактор и токму оваа партија во коалиција ќе го добие мандатот да формира влада.