Онаа политичка партија што на парламентарните избори ќе победи во албанскиот блок треба да ја претставува волјата на Албанците, вели вицпремиерот за европски прашања Бујар Османи, одговорајќи на новинарско прашање во врска со можни предизборни коалициина партии од албанксиот блок со СДСМ.
„Една грешка е направена во 2006-2008 година кога во влада влезе партија која не ја претставува волјата на Албанците и тоа предизвика длабока политичка криза, брзи предвремени избори, блокирање на Собранието. Затоа што системот по Рамковниот договор не препознава поинакво претставување освен на тој што ја претставува волјата на Албанците. Доколку победат овие партии се разбира дека тие ќе влезат во власта, меѓутоа тој што ќе победи кај Албанците тој ќе ги претставува Албанците во владата, велио Османи по денешното сведочење во судот за слулајот „Монструм“.
Инаку, ДУИ на Али Ахмети е со цврст став дека како победник на претстојните избори ќе биде дел од новата влада, дури и ако СДСМ во предизборна коалиција со Беса и со ДПА освои повеќе од 61 пратеник.






