Османи: Отворањето на споменикот во Слупчане не е партиска активност на ДУИ

Отворањето на спомен кулата за загинатите борци на ОНА, не е партиска активност на ДУИ, изјави министерот за надворешни Бујар Османи, прашан за тоа зошто само првите луѓе на ДУИ беа присутни на вчерашното отворање, кое беше со заобиколена законска процедура во Собранието.



Османи објаснува дека се било законски од општинската власт на Липково, а тие биле поканети како гости.