Неодржување на првата меѓувладина конференција во декември е неуспех за сите, и за нас и за Бугарија и за германското претседателство, но и за сите учесници во Берлинскиот процес, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.



„ Ние сме веќе во процес на започнати преговори, сега разговараме за преговарачката рамка која ја дава содржината на преговорите. Треба да прифатиме дека отсега ќе треба да бараме консензус со 27 земји-членки. Во сите 130 чекори може да се случи една земја членка да не даде потврда.

Во однос на Бугарија – вели Османи – јас мислам дека постои простор и разбирање од двете страни за важноста на постојниот момент и со работата на комисиите и политиката да најдеме начин за напредок.

Министерот, во врска со тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека на средбата со Захариева му бил предложен нов договор, потенцираше дека ‘не постои никаква конспирација’ во целиот процес и дека основната порака на Бугарија била содржана во изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов, а тоа е дека не сака Бугарија да дојде во ситуација да ја блокира европската перспектива на земјава, пренесе ТВ 21.