Претседателката на Косово, Вјоса Османи, вели дека е горда на односите со Хрватска, но истовремено тврди дека е опасно да се има сосед како Србија.
Во интервју за хрватскиот „Вечерњи лист“ таа рече дека НАТО и војската на Косово ги спречуваат сценаријата на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Османи истакна дека отфрла секакво сценарио за „размена на територии“ и дека оваа тема претставува отворање на „Пандорината кутија“.
За односите Косово-Хрватска, Османи има најдобри зборови:
„Горда сум на нашите односи со Хрватска. Како претседателка, вклучена сум во соработката со сите хрватски институции со цел да го зближиме нашиот народ, да ги отстраниме бариерите на нашиот пат на соработка, да направиме се за доброто на нашиот народ“, рече Османи во интервју за хрватски Вечерњи лист.
Таа најави и дека наскоро ќе отпатува во официјална посета на Хрватска.







