Османи од понеделник очекува да се врати нормалната комуникација со Бугарија

Министерот за надворешни работи е оптимист дека со новиот пристап на градење доверба преку секторска соработка и со завршувањето на изборниот процес во Бугарија ќе се врати амбиентот на рационална дебата и за надминување на разликите за да се добие можност во јунско-јулските самити на ЕУ има консензус по однос на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција.



Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, на денешната прес-конференција го претстави новиот план на МНР „Рефлексија 20-30“.

Тој очекува дека по утрешните парламентарни иозбори во Бугарија „ние ќе се вратиме во една нормална комуникација“

Запрашан дали очекува попозитивни односи со Бугарија по изборите, Османи, изрази верување дека тоа е можно и најави започнување со прашањата кои не зближуваат.

„Мислам дека најдобрата стратегија е да започнеме со прашањата кои не зближуваат, кои креираат доверба за да потоа во еден амбиент на меѓусебна доверба ги третираме и прашањата за кои имаме разлика. Затоа имајќи ја во предвид улогата на изборите кои обично ги имаат ваквите сензитивни и емотивни процеси убеден сум дека од понеделник влегуваме во нова динамика на комуникација каде што фокусот ќе биде во рационалноста, а не во емоциите“, изјави Османи.