Османи очекува уредна и мирна транзиција на власта во САД

Министерот за надворешни работи Бујар Османи му се придружи на партискиот шеф од ДУИ, Али Ахмети, во повикот за мирна транзиција на власта во САД.



„Инцидентот во Вашингтон е потсетник за тоа колку е кревка демократијата насекаде. Навистина веруваме во издржливоста на американското општество; уредна и мирна транзиција на власта е она што сите го очекуваме и што мора да се обезбеди“, порача Османи.