Шефот на дипломатијата Бујар Османи и претседавач со ОБСЕ, објави на својата Фејсбук страница дека одлуките на Министерскиот совет на ОБСЕ 2023 се конечно донесени!
-ОБСЕ е спасена! Одлуките на Министерскиот совет на ОБСЕ 2023 се конечно донесени! Малта и официјално е новиот Претседавач со ОБСЕ за 2024, напиша Османи на Фејсбук.

Османи рече и дека е продолжен е мандатот на генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, на високиот комесар за национални малцинства, Каират Абдракхманов, а продолжен е мандатот и на претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Тереза Рибеиро. Османи додаде и дека е реизбран Матео Мекачи на чело на ОДИХР.





