Османи објави докази дека малкумина го слушаат додека држи говор (ФОТО)

Министерот за надворешни работи Бујар Османи сам објави фотографии од негово обраќање на панелот на Дубровник форум „Западен Балкан: Нов евроатлантски моментум“.



Од една од фотографиите се гледа дека најмалку половината од публиката воопшто не го слуша Османи туку си ги гледаат своите мобилни телефони.

Од фотографијата се гледа дека на учесниците им е досадно или не се заинтересирани токму кога Османи држи говор.

Што кажа Османи што им беше досадно на учесниците на форумот:

,,Потребна посветеност на двата начина – од ЕУ, дека интеграцијата на Западен Балкан е веродостоен процес и од регионот, дека нема да се залага за членство пред да биде подготвен.

Концептот на забрзана интеграција – „Повеќе интеграција пред членство“ – претставува фазна интеграција, со пристап до фондовите на ЕУ и придобивки од процесот на интеграција, дури и пред полноправното членство во ЕУ”.