Османи објави дека патува кон Брисел, ќе има ли средба со владетел на непризната држава

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера вечер со фотографија од авион на која слуша музика и нешто пишува објави дека патува кон Брисел.



,,🛫 На пат кон #Брисел за да присуствувам:

✅ Затворање на билатералниот скрининг ▶️ состанок 🇲🇰-🇪🇺 за Поглавје 31: #CFSP

✅ Самит ЕУ-Западен Балкан @FriendsofEurope (Пријатели на Европа), пишува Османи во твитот на кој добива интересен коментар со прашање за средба.

Прашањето на српски јазик го поставува кралот Емир А. Хајави владетелот на Бирленд, непризната држава во Африка.

Од прашањето не може да се заклучи прецизно дали претходно Османи имал контакти со владетелот на Бирленд.

Во 2015 година, државата Бирланд била основана како нова земја во земјата Бир Тавил на површина од 2060 km² а е лоцирана помеѓу Египет и Судан. Оваа земја сè уште чека признание од Обединетите нации.

Основана од владетелот Х.Р.М. Кралот на Бирланд, д-р Емир А. Хајави, и премиерот и кралица на Бирланд Х.Р.М. Еден Сориано Тринидад.

Османи на прашањето не одговара јавно дали во Брисел ќе има средба со кралот Хајави.