Вицепремиерот Бујар Османи преку својот профил на „Фејсбук“ се обрати на македонски јазик, со албански титл, нарекувајќи го „непотребна хистерија“ спротивставувањето на Законот за употреба на јазиците, со кој признава дека е „очигледна придобивка на Албанците“.
„Здраво Фејсбук-пријатели. Повторно ја користам можноста директно да ви се обратам со кратко видео обраќање, овојпат зборувајќи на македонски јазик и користејќи албански титл на видеото. Тоа на едноставен начин ја прави оваа моја комуникација лесно разбирлива и прифатлива и на двата јазика кои ги употребувам, што, пак, укажува на непотребната хистерија што се создава околу употребата на јазиците.
Искрено, со нетрпение ја очекувам примената на новиот Закон за употреба на јазиците, не само поради фактот што станува збор за очигледна придобивка на Албанците, туку и затоа што со самата примена на Законот ќе се демантираат и сите закани и заплашувања што се појавија изминатиов период“, вели Османи во првиот дел од видеото, во чие продолжениое се осврнува на потребата од донесување на рефромските закони во пресрет на извештајот на Европска унија за напредокот на Македонија на патот кон полноправно членство.
https://www.facebook.com/bujar.osmani.7/videos/1679547508803884/





