Османи: Немало предлог Теута Арифи да биде амбасадор

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска апелираше до медиумите да ги проверуваат своите информации, пред да избрзаат, како што вели, да објават нешто.



Османи го спомена случајот со екс-градоначалничката на Тетово, Теута Арифи за која рече дека таа не била предложена за амбасадор во Вашингтон, ЕУ, Анкара…

„Немало предлог за Теута Арифи да биде амбасадор во Анкара,немало предлог за Вашингтон мејнстрим медиуми тоа го кажуваат. Имнало само разговори во немало формализиран предлог за Брисел…Апелирам да се проверуваат информациите. “, истакна Османи.