Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека сè уште нема формална одлука на грчката Влада за отворање на границите, затоа е направен застојот на македонско- грчката граница, вели македонскиот.
„Ние сме во очекување да се формализира намерата на Грција за отворање на границите и да можат да минуваат граѓаните“ изјави министерот одговарајќи на новинарско прашање.
Тој ги повика граѓаните да се информираат преку официјалните соопштенија.
Премиерот Зоран Заев вчера од Атина изјави дека Грција од денес ги отвора границите и дека сите македонски граѓани ќе можат да влезат кај јужниот сосед по 14 месеци спуштена рампа.
Граничниот премин Евзони се очекува да биде на полноќ, јавува репортерка на Нова С од тој премин.






