Османи: Нема нов договор со Бугарија

По синоќешното гостување на Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 кае јавно запраша дали Софија од Скопје бара нов договор со кој би се дефинирало постеоењето на македонската нација од 1945, денеска на информациите во јавноста дека Бугарија побарала нов Договор и редефинирање на македонската нација, минитерот за надворешни со одговор на Фејсбук.



„Околу односите со Бугарија и мојата посета, сакам да истакнам: нема нов Договор, туку има засилување на меѓусебната комуникација на повеќе нивоа. Притоа отворено разговараме за сите прашања кои произлегуваат од Договорот за пријателство; ги преземаме сите чекори за да им обезбедиме на Комисиите непречена работа, за што испративме јавна благодарност за нивниот досегашен резултат, како и охрабрување за интензивирање на нивната работа. Впрочем, Мешовитата експертска комисија веќе утре и задутре ќе одржи средба во Скопје, што ќе претставува уште еден чекор кон исполнување на обврските од договорот“, пишува Османи на Фб.

Тој во објавата повика на сериозност и политичка зрелост и потенцира дека европската перспектива е предизвик за сите, не само за Владата.

„Односите со соседите не се регулираат со пласирање секојдневно информации во јавноста, а уште помалку шпекулации или тенденциозни изјави кои имаат за цел да ја вжештат атмосферата. Европската перспектива е предизвик за целата земја, а не само на Владата, и претставува обврска за секој од нас“, вели министерот.

Посетата на Бугарија, Османи ја оценува како позитивна, бидејќи на неа се отвориле сите прашања и се засилила комуникацијата, а најважно, како што вели, се редефинирала заедничката желба – европската перспектива на земјава.