Бујар Османи смета дека нема големи разлики во ставовите на владините коалициски партнери ДУИ и СДСМ околу препораките на Венецијанската комисија



„Мислам дека слични се ставовите. Ако ја слушнавте последната изјава на премиерот Заев и на вицепремиерката Шекеринска, слични се со нашите ставови дека нема да има отворање на прашањето на јазикот, како што нема да има отворање на прашањето на Преспанскиот договор, на Договорот со Бугарија, и на јазикот ќе биде исто“, изјави денес за новинарите вицепремиерот Османи.

Тој објасни дека преку добри акциони планови дќе се создадат капацитети со цел двојазичноста полесно да се имплементира и да не предизвикува никакви проблеми во судството.