Османи не верува дека Албанци ќе ги спречат уставните измени!

„Нема поважен етнички интерес за Албанците од членството на Македонија во НАТО – изјави денеска вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи коментирајќи ги барањата на Беса и Алијанса на Албанците за уставни измени на кои инсистираат и за кои велат дека ако не се исполнат – нема да ги дадат своите 4 пратенички гласови.



Османи  вели дека има чувство дека во процесот за уставните измени постои „скриена рака која сака да го уништи“, но напомена дека не би сакал албанските политички партии поради наивност или поради неснаоѓање во ваквите тешки политички процеси да бидат перцепирани како делови на тие скриени намери.

„Тоа е поголем и поесенцијален  интерес на Албанците над секој друг етнички интерес во моментов, бидејќи тоа е гаранција дека Албанците ќе бидат дел од западноевропското семејство на вредности кон кое со генерации тежнеат да бидат“ – рече Османи.

Денеска се очекува средба на работните групи на Беса и на владата околу амандманите кои оваа партија инсистира да бидат дел од уставните измени.

Собраниската седница за последната, трета фаза од уставните измени е закажана, за утре во 12 часот.