Шефот на македонската дипломатија смета дека комуникацијата меѓу Македонија и Бугарија е најдобриот начин да се надминат разликите.
„Не претпочитам да користам негативен вокабулар, како црвени линии. Договорот со Бугарија ги дефинираше рамката и инструментите за соработка и надминување на разликите“, рече министерот според кој најдобар начин за решавање на проблемите е комуникација.
„Не смееме да ја уништиме комуникацијата. Исто така, во интерес на Република Бугарија е целиот регион да се интегрира во Европската унија“, рече Османи на заедничката прес конференција со генералиот секретар на Регионалниот совет за соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу.






