Османи: Не им пречи ДУИ, туку Албанците

Коментирајќи го барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се укине техничката влада само за да нема премиер од ДУИ, потпретседателот на партијата, Бујар Османи вели дека на ВМРО-ДПМНЕ и на целата националистичка клика им сметаат Албанците, а не ДУИ.



„Секогаш ќе кажам, дури и во СДСМ има такви на кои што им смета рамноправноста на Албанците, но не го кажуваат тоа, бидејќи не е точно да се каже дека Албанците ни го одземаат монополот, но велат дека ДУИ прави корупција, вели Османи за ТВ21.

Не! Албанците го кршат економскиот монопол.

“Да не ви смета тоа што Албанците нема да продолжат да ви дозволуваат да имате стопроцентен економски монопол на македонските компании, додека Албанците се на страна. Кога Албанците земаат акции во економијата на државата, велат ДУИ прави корупција“, рече Османи во гостувањето на „Клик плус“.