Османи не дава да се чепка Законот за јазици

Секое надгласување на македонските судии на албанските во Уставниот суд за Законот за јазици, секој обид на Министерството за правда да направи измени без усогласеност на целата влада и без консензус во Собранието е поместување на македонско алабанскиот баланс кој се воспоставува со Законот за јазици и ќе отвори маѓепсан круг и спирала што ќе не помести од патот по кој сме тргнале.



Ова го вели вицепремиерот Бујар Османи по вчерашните најави на премиерот Зоран Заев дека ќе има измени на Законот за јазици, пренесе „Сител“.

Според вицепремиерот секое отворање на Законот за јазици со кој се затвориле прашањата од Рамковниот договор ќе не врати пред 2001 година.

Вицепремиерот, инаку, е задоволен од Извештајот на Венецијанската комисија која дала позитивно мислење за двојазични монети и униформи за што сега и дома ќе се постигне конечното решение.