Вицепремиерот Бујар Османи не се согласува со изјавата на Зоран Заев дека таму каде што нема 20 проценти албанско население таблите на локалната саоуправа и подрачните единици на министерствата како што се Прилеп и Велес не требa да бидат двојазични, пренесе „Либертас“.
„Да оставиме тие работи согласно законот да ги одлучуваат агенцијата и инспекторатот за имплементација на двојазичноста, не е тоа работа на политичарите“, изјави Османи.
Што се однесува до општина Прилеп во која е и Долнени, бројката е над 20 насто таблите треба да бидат двојазични исто како што е и општина Велес во која со селата има бројка од 20 насто албанско население. Законот е јасен и не треба да толкуваме ние политичарите, да оставиме агенцијата и инспекторатот да го имплементираат, додаде Османи.






