Британскиот крал Чарлс Трети синоќа беше домаќин на светските лидери во палатата Сент Џејмс во пресрет на Конференцијата за закрепнување на Украина



На приемтот кај Чарлс Трети присуствуваше и македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, кој  изрази голема благодарност за одличните политички и економски односи што Обединетото Кралство и Северна Македонија ги градат во изминатите три декади соработка.

Османи и Чарлс Трети се осврнаа и на неговата историска посета на земјава во 1998 година.

„Оваа година одбележуваме јубилеј – три декади од воспоставување на нашите дипломатски односи. Ќе продолжиме и во иднина овие односи да ги градиме во духот на меѓусебното пријателство и силно партнерство“, напиша Османи по средбата со Чарлс Трети.