Шефот на дипломатијата Бујар Османи искажа еден куп навреди за лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, споредувајќи го со шефот на неговата партија ДУИ.
„Му кажав (на Ахмети – н.з.) дека Мицкоски прифаќа уставни измени, но има еден услов – ДУИ да биде надвор од Владата. Тој се насмеа и ми рече: ‘Прифаќаме веднаш’. И тоа е нормално, затоа што ние работиме со месеци за земјата да оди напред. И кога видовме дека Мицкоски по сите протести смени став, ние се изненадивме и, да бидам искрен, тука Мицкоски докажа дека е политичар од трета или четврта лига, кој политиката ја гледа како игра со кибрити и не знае дека пред него стои Али Ахмети кој политиката не ја гледа како игра. Али Ахмети целиот свој живот го има посветено на напредокот на земјата во ЕУ“, изјави Османи.





