Министерот за надворешни работи во синоќешното гостување на ТВ21, рече дека сите информации дека Љубомир Фрчкоски бил номиниран за амбасадор во САД , се само шпекулации во медиумите.



„Името на Фрчковски дека ќе биде амабасадор во Вашингтон дојде од медиумите.

Дека е повлечена кандидатурата повторно дојде од медиумите. Во ниту еден момент, МНР не кажало дека тој е кандидат за амбасадор, или дека е отфрлен или прифатен, изјави Бујар Османи.

Според него, процесот за именување на кандидатите за амбасадори е во целосна дискреција, тоа се класифицирани податоци и дека „се додека МНР не потврди одредена кандидатура, ништо друго не треба да се земе како официјална вест“.