Османи: Мандатот го добива тој што ќе обезбеди 61 пратеник

„Ирелевантно е кој колку пратеници има, системот препознава мнозинство и мандатот го добива оној што ќе обезбеди 61 пратеник“, рече портпаролот на ДУИ Бујар Османи во синоќешното гостување на ТВ Телма.



Тој најави конституирање на Собранието веднаш по Илинден, со проекција дека е можно на 4 август.

Коалицијата која ќе го избере претседателот на Собранието на конститутивната седница, практично и ја прави владата. А треба да се избере прв човек на Собранието на првата седница, не може дасе свика втора седница на Собранието без претседател на Собранието, вели актуелниот вицепремиер за европски прашања.

Според Османи и преговорите за идната влада ќе се водат во Собранието.