Бујар Османи, во својство на опортпарол на интегративците и координатор на партијата за Чаир, вели дека мал број на членови на ДУИ се незадоволни во партијата и сакаат мислењата на малцинството да им го наметнат на мнозинството.
Во демократија, сепак, се почитува мнозинството, изјави Османи зборувајќи за незадоволствата на членовите на ДУИ, познати како Огнена Група, во Клик Плус на ТВ21.
„Тие кои не гласале немаат право да се жалат, тие кои дале поддршка тие можат да барат одговорност и отчет. Замислете Али Ахмети да ги менува министрите бидејќи така му текнало на некому, на една група им текнува да ги сменат одлуките на мнозинството, тоа веќе не е институција, ДУИ е сериозна партија, ние ја потценуваме вредноста на оваа политичка организација која бележи 20 години неверојатни победи.“, рече Османи.







