Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи телефонски разговарал со својот украински колега Дмитро Кулеба, и притоа му ја одлуката на земјава за приклучување кон Основачката група за формирање Специјален трибунал за казнивост на кривичното дело агресија против Украина.
Ваквиот чекор, му рекол Османи на Кулеба, е уште една потврда за континуираната поддшка што * Македонија ѝ ја пружа на Украина во борбата за правда и слобода.
„Руската агресија мора што поскоро да престане, а извршителите на воените злосторства мора да бидат изведени пред лицето на правдата“, нагласил Османи во телефонскиот разговор со шефот на украинската дипломатија, објави 360 степени.







